Клоп проговоре за можното враќање на Хендерсон во Ливерпул

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон изминатото лето ја зголеми европската колонија во Саудиска Арабија потпишувајќи богат договор со Ал-Етифак кој е предводен од друга легенда на „црвените“, Стивен Џерард.

Последните денови во медиумите се појавија гласини дека Англичанецот не е задоволен во егзотичната држава и сака да се врати назад на „Островот“, гласини кои ги поби и германскиот стратег Јирген Клоп.

„Дали Хендо имаше прес-конференција и тоа го кажа? Не, тоа е само напишано. Тоа за мене е е важно. Не ми се јавил. Всушност зборувавме, но не за тоа. Немам што да кажам за тоа“, изјави Клоп.

Се вчитува...