Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е повторно херојот на Јувентус и во победата над Салернитана со голот во 91. минута, по кој Јувентус се доближи до Интер на само два бода на табелата.
Влаховиќ дојде и до седмиот гол во 17-от настап за Јувентус сезонава, истакнувајќи дека сака уште многу погодоци во црно-белиот дрес.
„Постигнав важен гол. Противникот падна дури по добиениот црвен картон, но среќни сме затоа што ние никогаш не се откажуваме до крајот на мечот. Јас никогаш не се откажувам. Морам да постигнам уште многу голови, па ќе продолжам секојдневно напорно да работам. Живеам во сегашноста и се занимавам со работите на кои сакам да влијаам и да ги променам“ – вели Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА