Конте се враќа во Серија А, но не во Милан…

Италијанскиот стратег Антонио Конте би можел да биде новиот тренер на Наполи, веќе уште низ зимскиот преоден рок.

Валтер Мацари доби можност да ги води наполитанците до јуни оваа година, но не се прослави на клупата на актуелниот шампион на Италија. Наполи во последните четири меча не постигна ниту еден гол, а прими дури девет, па можна е тна промена на кормилото на тимот.

Конте вчера го следеше мечот меѓу Торино и Наполи, а по мечот одговораше и пред новинарите дали би можел наскоро да седне на клупата на Наполи.

„Би можел да дојдам, но ако работите се случат како што треба“ – одговорил Конте, кој претходно се поврзуваше и со клупата на Милан.

Се вчитува...