АП Брера прва ги стартуваше подготовките за пролетниот дел: Договорени четири теста во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на АП Брера Струмица денеска ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Струмичани подготовките ќе ги реализираат во три фаза, првата во Струмица, втората во Турција во Анталија додека последната повторно на свој терен во Струмица.

Како што информираат од клубот, планирани се најмалку седум контролни натпревари низ подготвителниот период… За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни четири контролни средби, против Сабуртало од Грузија, против Черноморец Одеса од Украина, против Атирау од Казахстан и против Рух Хоржов од Полска.

Се вчитува...