Лавеци се предозирал? Веднаш дојде и демант…

Познатиот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци повторно е во центарот на вниманието поради своите здравствени проблеми.

Откако пред само неколку денови имаше информации дека е избоден со нж, а пред тоа доживеал и скршеница на клучната коска, сега последните информации велат дека Лавеци завршил во болница поради предозирање со наркотични средства.

„Има симптоми на предозирање откако претходно минал низ големи семејни проблеми“ – соопшти новинарот Луис Вентура.

Но, набрзо следеше демант од синот на Лавеци, Томас…

„Мојот татко е добар и е на лекување. Престани да измислуваш работи кои не се вистинити. Не се предозирал или било што слично“ – изјави Томас.

Сепак, аргентинските медиуми јасно пренесуваат дека Лавеци е во болница поради бројни проблеми на личен план. Што точно се случило, нема официјални информации.

Се вчитува...