Шкупи се раздели со четири играчи: Си заминаа Куевен, Абази, Хоџиќ и Нилтињо

Дресот на Шкупи во пролетниот дел нема да го носат четворица играчи, на кои чаирскиот тим им се заблагодари за досегашниот придонес во дресот на некогашниот првак.

Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази не се повеќе дел од Шкупи, откако денеска е соопштено дека тимот се разделува со нив. На Куевен му истече договорот, и истиот не беше продолжен, додека со останатите тројца имаше взаемен раскин на договорите.

Хоџиќ, Нилтињо и Абази беа дел од Шкупи само шест месеци, откако летоска му се приклучија на чаирскиот тим. Хоџиќ и Нилтињо дојдоа со трансфер, додека Абази беше позајмен од Вил, и му заврши позајмицата, по што се враќа во Швајцарија.

Се вчитува...