40 милионското засилување на Барселона, младиот Витор Роке кој пред недела дена му се приклучи на шпанскиот гигант не ги исполни очекувањата на стартот на кариерата во каталонскиот дрес. Бразилецот е споредуван со легендарниот Ронладо, но засега не е ниту бледа сенка од неговиот сонародник.
Тигрињо на првите два натпревари за Барселона веќе промаши две сто отстотни шанси. На дебито против Лас Палмас во Ла Лига не успеа да го совлада противничкиот голман во „еден на еден“ ситуација, а не успеа да ја затресе мрежата ниту во вториот обид од ваква ситуација на вчерашниот дуел во Купот на Шпанија против нисколигашот Барбастро.
nah vitor roque missed this one too?eyy tiger 😭😭😭😭pic.twitter.com/54HEb6NPYy
— Orlando 🎈🇬🇭 (@starboyorlando_) January 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

