Бекот на Панатинаикос, аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоза ќе отсуства од терените од три до четири недели поради стекнатата повреда на натпреварот против Перистери во грчкото првенство, откриваат грчките медиуми.
Вилдоза кој го засили евролигашот изминатото лето стекна скршеница на менискусот на левото колено уште во воведните минути од средбата, а и покрај очекувањата дека го чека долга пауза се воспостави дека тоа не е случајот па тој ќе биде достапен на тренерот Ергин Атаман за еден месец.
Вилдоза оваа сезона во Евролигата бележи 6.8 поени, 1.7 скокови и 1.7 асистенции во просек за 17.4 минути поминати на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА