Легендарниот германски фудбалер и подоцна тренер Франц Бекенбауер денеска на 78 годишна возраст го загуби својот живот по долго боледување. Тој ќе остане запомнет како еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Популарниот „Кајзер“ кариерата ја започна во редовите на Баерн Минхен каде настапуваше од 1964 до 1977 година. Три години помина во редовите на Њујорк Космос за во 1980 година да се врати во Германија, но овој пат во Хамбургер. Кариерата ја заврши во американскиот тим во 1983 година.
На репрезентативно ниво од 1965 до 1977 година настапуваше за Источна Германија со која го освои Европското првенство во 1972 година и Светското во 1974 година, а подоцна беше и селектор на оваа репрезентација на која и втората донесе титулата Светски шампион во 1990 година.
Низ кариерата се закити и со повеќе трофеи како играч и како тренер во Германија, Соединетите американски држави и Франција.
German legend Franz Beckenbauer has passed away today aged 78.
RIP, Franz. 👑🕊️ pic.twitter.com/IwdSA5KaiT
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

