Револуцијата во Евролигата која се повеќе ќе наликува на НБА лигата продолжува со нова идеја за воведување на „трејдови“, односно размена на играчи помеѓу тимови, нешто што долго време функционира во најсилното светско кошаркарско првенство.
За оваа идеја говореше првиот човек на тренерската организација на Евролигата, Србинот Горан Шашиќ во интервју за српскиот сајт „Меридијан“ во кое остро го осуди и преголемиот број на промени на тренерските места.
„Ни останува на нас да најдеме начин за развивање на нови идеи кои ќе му бидат од бенефит на спортот… Дојдовме до заклучок дека треба подобро да се распредели одговорноста за резултатите. Во соработка со Евролигата и асоцијацијата на играчи ќе дадеме предлог за воведување на принцип на размена на играчи кој ќе започне од следната сезона за клубовите да можат да променат играчи“, изјави Шашиќ.
Со оглед на тоа што не постои утврден буџет како во НБА лигата, а платите на кошаркарите варираат не само во однос на нивните квалитети останува да видиме ќе се развие оваа идеја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА