Феликс играл во Барселона „за семки“, сега ќе заработува десет пати повеќе

Сонот на Жоао Феликс да заигра за Барселона конечно му се оствари ова лето кога премина во каталонските редови како позајмен играч од Атлетико Мадрид. За да се оствари трансферот Португалецот мораше да се сложи на драстично помала плата, а за „жртвата“ сега стигна и награда.

Имено, според информациите Феликс досега заработувал 7700 евра неделно, но оваа сума драстично ќе се зголеми со оглед на подобрувањето на финансиската ситуација во Барселона. Тоа го потврди и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас Медрано на социјалните мрежи каде соопшти дека Барселона „ја помножила надокнадата договорена со Феликс за 10, во согласност со фер-плејот“.

Тоа значи дека младиот 24-годишен Португалец сега ќе прима годишна плата од четири милиони евра.

Се вчитува...