Прволигашот Брера го официјализираше трансферот на 27-годишниот српски интернационалец Џорџе Ивковиќ од кој се очекува да биде големо засилуваање во нападот.
Ивковиќ во својата кариера ги бранел боите на повеќе српски клубови како Колубара, Јединство, ИМТ Белград, Железничар Панчево, а последен негов клуб е Раднички Сремска Митровица за кој постигна три гола на 17 натпревари.
„Ми преставува посебно задоволство што ќе бидам дел од Брера Струмица – фудбалски клуб кој има јасно дефинирана визија. Имам слушнато за клубот и среќен сум што дојдов овде. Навистина има одлични услови за работа но и како што забележувам доста професионалност во секој аспект што ме радува. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и заедно со тимот ќе ја исполниме целта за втората етапа од првенството“, изјави Ивковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

