Со „Кајзер“ Франц се збогуваа и најголемите ривали на Баерн Минхен

Франц Бекенбауер, еден од најголемите фудбалери во историјата денеска го напушти овој свет на 78-годишна возраст по долго боледување. Германецот кој го револуционираше фудбалот и освои бројни клупски, репрезентативни и индивидуални награди го носеше надимакот „Кајзер“ за придонесот кој го имаше за германскиот фудбал.

За значењето на Бекенбауер говореше и селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагеслман, а и покрај тоа што во кариерата најдолго ги бранеше боите на Баерн Минхен од него се збогуваа и најголемите ривали на баварците.

На социјалните мрежи пораки испратија сите германски клубови, сите препознавајќи го значењето кое го имаше, пред се за германскиот, но и светскиот фудбал.

Се вчитува...