Македонскиот интернационалец Тодор Тодороски кариерата ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Политехника Јаши, потврди и неговиот нов клуб.
Десниот бек сезоната ја започна во унгарското првенство во редовите на Залаегершег, но настапи на само пет средби за овој тим па прифати нов предизвик во својата кариера.
Тодороски кариерата ја започна во Металург, а по настапите и за Вардар се пресели на интернационалната сцена каде ги бранеше боите на Осијек, Шибеник, Раднички Ниш, Серед и Сумгајит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

