Англискиот великан Манчестер јунајтед е заинтересиран за данскиот фудбалер на Барселона Андреас Кристенсен, пренесува британски „Мирор“.
Кристенсен не е редовен во тимот на Барселона, откако пристигна во 2022 година од Челси, а со каталонскиот клуб има договор до јуни 2026 година.
Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед подготвил одлична понуда за данскиот фудбалер, а Барселона е подготвена да ја намали висината на обештетувањето поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа шампионот на Шпанија. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека Кристенсен би бил идеално засилување за „црвените ѓаволи“. Интерес за данскиот репрезентативец покажа и Њукасл.
Кристенсен одигра 68 натпревари за данската репрезентација и три пати се запиша во листата на стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

