Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри изјави дека во текот на својата играчка кариера страдал од депресија.
Селекторот на младата француска фудбалска репрезентација изјави дека оваа непријатност го следела во текот на сите години кога блескал со топката, без да биде свесен за тоа.
„Во текот на мојата кариера сигурно бев во депресија. Дали знаев? Не. Дали направив нешто за да го поправам тоа? Не. Но, се прилагодив на одреден начин на живот. Така ми зборуваа уште од мал. Никогаш не престанав да одам, освен за време на ковид кризата, кога веќе не можев да издржам. И тогаш почнуваш да разбираш“, изјави најдобриот стрелец во историјата на Арсенал.
Анри ја заврши својата играчка кариера во 2014 година и веднаш премина на тренерската работа. Прво работеше како асистент во репрезентацијата на Белгија, потоа во Монако, а од 2019 до 2021 година во Монтреал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА