Антонио Конте би можел да го преземе тимот на Наполи на крајот од сезоната. Италијанскиот стручњак во ноември преговараше со раководството на Наполи, но тогаш не беше постигнат договор. Раководството на шампионот на Италија потоа го разреши Руди Гарсија поради слабите резултати, а клубот го презеде Валтер Мацари.
Конте од трибините го следеше натпреварот од 19. коло во Серија А помеѓу Торино и Наполи (3-0), а италијанските медиуми пренесуваат дека тој наводно на навивачите на Наполи им рекол дека е подготвен да го преземе клубот од Неапол на крајот од сезона.
Конте моментално е без договор, откако беше отпуштен од Тотенхем на крајот на март 2023 година. Што се однесува до Наполи, не му оди најдобро оваа сезона. Моментално го заземаат деветтото место на табелата и имаат 20 бода помалку од првопласираниот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА