Шампионката од Вимблдон го пропушта Австралија опен?

Шампионката на Вимблдон, чешката тенисерка Маркета Вондрушова се повлече од турнирот во Аделаида поради повреда на десниот колк.

Вондрушова се повлече неколку часа пред почетокот на мечот од првото коло против Белорусинката Аликсандра Шашнович.

Неизвесно е дали Вондрушова ќе се опорави навреме за првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, кој започнува на 14. јануари во Мелбурн.

Се вчитува...