ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари го одработеа тренингот на „Меркур Шпил Арена“, видно импресионирани од извонредните услови што ги нуди овој фудбалски стадион за одигрување на ракометен натпревар од највисоко ниво.
Релаксирани на тренинг, свесни дека како никогаш досега притисокот е сведен за минимум. Фактот дека сме „однапред прежалени“ резултатски може и мора да донесе позитивна работа – без резултатски притисок да се покаже една добра игра и со храбри изданија против фаворитите да се најави дека и оваа нова генерација има потенцијал за подобри резултати во иднина.
Мотивацијата дефинитивно не е доведена во прашање во ниту еден момент, атмосферата во националниот тим е одлична, а останува на терен да се види она што селекторо Лазаров го бара и повторува – да видиме една сплотена и борбена Македонија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА