Ливерпул без Александер-Арнолд во следните недели

Англискиот репрезентативец и член на Ливерпул Трент Александер-Арнолд нема да му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп во следните неколку недели поради повреда, објави англискиот премиерлигаш на социјалните мрежи.

Александер-Арнолд кој оваа сезона одигра 25 натпревари во сите натпреварувања, заработи повреда на лигаментот на коленото на натпреварот против Арсенал во ФА Купот, натпревар во кој Ливерпул го доби со 2-0.

Се вчитува...