Италијанската Серија „А“ во иднина со 18 екипи?

Клубовите кои играат во италијанскиот елитен шампионат Серија „А“, почнаа разговори за можно намалување на бројот на екипите кои ќе се натпреваруваат во иднина.

Гигантите сметаат дека бројот на клубови треба да биде намален на 18, додека оние од средината на табелата и од дното сметаат дека форматот треба да остане на 20 тима.

Досега меѓу себе разговарале само клубовите, а во следниот период ќе биде вклучена и федерацијата на чело со претседателот Габриеле Гравина.

Најдобрите тимови сметаат дека треба да се земе примерот од Бундеслигата, со цел првенството да биде поинтересно, и пред се поради новиот формат на Лигата на шампионите и на Светското првенство.

Се вчитува...