Жоглев не е повеќе фудбалер на Вардар

После денешната прес-конференција во која и официјално беше промовиран Горазд Михајлов за нов шеф на стручен штаб, и Владимир Колев за нов спортски директор, Вардар почна да ги средува играчките редови.

Најтрофејниот македонски колектив објави дека Владимир Жоглев не е повеќе дел од Вардар, и дека заминува од клубот.

Жоглев од септември 2022 година е дел од Вардар, а во минатото беше член на Тетекс, Беса, Борец, Победа, Осогово.

Се вчитува...