Дефанзивецот на Џенова, Раду Драгушин ги прифатил условите на Тотенхем, и наскоро требаше да отпатува во Лондон на комплетирање на договорот со членот на Премиерлигата.
Романецот бил задоволен од понуденото, Џенова и Тотенхем се договориле, и недостасувал само потписот. Меѓутоа трансферот може да пропадне и тоа благодарение на Баерн Минхен.
Гигантот од Германија во последен миг испратил понуда до Џенова, која била прифатена. Сега останува на самиот фудбалер да одлучи каде ќе сака да ја продолжи кариерата.
Откупната сума изнесува 25 милиони евра плус бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА