ОФИЦИЈАЛНО: Тимо Вернер ќе игра за Тотенхем

Германскиот напаѓач Тимо Вернер и официјално направи „кам-бек“ во Премиерлигата, откако денеска беше промовиран во нов играч на Тотенхем.

Договорот со Лајпциг е до крајот на сезоната како позајмица. Вернер играше во Челси две сезони, од 2020 до 2022 година, а потоа се врати во Лајпциг. Со Челси ја освои Лигата на шампионите, меѓутоа по враќњаето во Лајпциг, не беше истиот Вернер. Во меѓувреме го загуби и местото во националниот тим.

Со Тотенхем ќе му биде обид да ја оживее кариерата. Тој треба да биде резерва за Ришарлисон, кој игра во голема форма во Тотенхем.

Се вчитува...