Продолжува „чистката“ во Вардар: И Вецески не е повеќе дел од „црвено-црните“

Недолго после Владимир Жоглев, ФК Вардар објави дека се разделува и со Христијан Вецески. Вецески исто е во клубот од сезоната 2022/23 година. Беше дел од клубот кога се избори враќање на прволигашката сцена.

Вецески во минатото играше за Работнички, Саса, Тетекс, Победа. Тој е второто заминување после Владимир Жоглев, а најавите се дека ќе има уште 3-4 „откази“ од црвено-црните. На нивни места ќе бидат донесени нови играчи.

Денеска ФК Вардар официјално го промовираше Горазд Михајлов за нов тренер, клој најави борба за опстанок. Од раководството истакнаа дека сите заостанати плати се исплатени.

Се вчитува...