Пике се враќа на фудбалот, ќе биде тренер

Легендарниот стопер на Барселона и на Шпанија, Џерард Пике, објави дека во новата година планира да му се врати на фудбалот, но во нога улога.

Пике призна дека фудбалот му недостасува, и откри дека ќе стане тренер, но не и во која екипа ќе работи.

„Нова година е, и после долго размислување се одлучив да се вратам на фудбалот. Ми недостасува. Но, овојпат нема да бидам играч, туку тренер. Повеќе детали ќе споделам на крајот на неделата“, открива Пике.

Пике се пензионираше во декември 2022 година, откако 14 години играше за Барселона. Претходно кратко беше во Манчестер Јунајтед. За Шпанија одигра 102 натпревари.

Се вчитува...