Крстевски по трансферот во Шкендија: Дојдов во голем клуб со големи амбиции и многу навивачи

Крилниот играч Ване Крстевски, денеска беше промовиран во нов член на Шкендија. Крстевски во тетовскиот тим доаѓа од Брера Струмица, која ќе добие отштета за овој трансфер. Договорот е на 3,5 години.

Крстевски, еден од најдобрите играчи во ПМФЛ, кажа дека е задоволен од трансферот и надеж дека ќе помогне клубот да ги исполни високите амбиции и цели.

„Чувството е прекрасно, среќен сум што сум тука. Благодарам на укажаната доверба и се надевам дека ќе ја оправдам со добри игри и настапи од моја страна. Знам дека дојдов во голем клуб со големи амбиции. Шкендија има високи цели и голем број навивачи. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми ја дадоа со мое максимално залагање“, изјави Крстевски.

Се вчитува...