Нов брука на Челси, загуби од Мидлсбро во Карабао Купот (ВИДЕО)

Екипата на Мидлсбро, која се натпреварува во Чемпионшип, успеа да го совлада составот на Челси во полуфиналето на Карабао Купот. Така Мидлсбро со предност ќе патува на реваншот на „Стемфорд Бриџ“ за две недели.

И покрај тоа што Челси имаше повеќе шанси и повеќе удари кон голот, сепак, на крајот мораше да се помири со поразот. Тој го донесе Хакни во 37. минута.

Неверојатно е она кое го промаши Палмер на крајот од првиот дел, и така пропушти шанса да донесе веднаш израмнување. Во вториот дел и покрај тоа што напаѓаше, Челси не успеа да стигне до израмнување.

Се вчитува...