Поранешен голман на Фенербахче ќе брани за Гостивар

Екипата на Гостивар вечерва го промовираше своето прво засилување. Станува збор за турскиот голман, 29-годишниот Ертен Ерсу кој во пролетниот дел ќе брани за Гостивар.

Ерсу потекнува од фудбалската школа на Фенербахче, а бил дел и од сениорскиот тим, но без настап.

Бил дел и од Коњаспор и Газиантеп. Ерсу е екс голман на младите селекции на Турција.

Во саботата Гостивар го промовираше Исмаил Аталан за нов шеф на стручниот штаб.

Се вчитува...