Добрата форма на Јовиќ ги смени плановите на Милан во преодниот рок

Пред еден месец Милан планираше да ангажира напаѓач во зимскиот преоден рок, но тогаш му даде шанса на Лука Јовиќ, и сега плановите на „росонерите“ се сменија. Јовиќ постигна пет гола на последните седум натпревари за италијанскиот гигант, па така Милан реши да го задржи Србинот, и парите планирани за напаѓач да ги пренасочи за ангажман на други позиции.

Јовиќ е позајмен од Фиорентина до крајот на сезоната, со можност да биде продолжена позајмицата на уште една година. И покрај тоа што се појавија шпекулации дека Милан уште во јануари ќе се откаже од него, добрите игри на крајот на минатата и на почетокот на оваа година ги премислија челниците на Милан.

Така сега парите ќе бидат насочени на купување на стопер и играч од средниот ред.

„Ги имаме Жиру и Јовиќ напред, тие се нашите деветки. Играат добро, постигнуваат голови. Не можеме секогаш да бараме играчи на пазарот, ги имаме нив и мораме да ги користиме“, рече директорот на Милан, Џефри Монкада.

Се вчитува...