ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Заминувањето во играчка пензија на Кире Лазаров очекувано остави длабока трага во нападот на нашата национална селекција, каде се уште се нема истакнато играч како апсолутен лидер кој ќе ја преземе одговорноста и ќе ја пополни празнината по повлекувањето на долгогодишниот капитен, сега селектор на националниот тим.
Впрочем, бројките најдобро го потврдуваат тоа, Лазаров има постигнато вкупно 182 гола за Македонија на шесте европски првенства на кои го носел репрезентативниот дрес, вклучувајќи ги и неверојатните 12 погодоци на еден натпревар, против Данска на ЕП 2012 во Србија.
Од актуелните репрезентативци кои се дел од националниот тим во Германија, најдобар стрелец е Филип Талески со 36 гола на ЕП,пред Филип Кузмановски со 35, па јасно е зошто од овие двајца се очекува да ја предводат репрезентацијата и на ЕВРО 2024. Зад двата бека следат Пешевски со 23 и Мартни Велковски со 18…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА