Покетино: Разочарани сме, но има и реванш

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино не го криеше разочарувањето по поразот на неговиот тим од Мидлсбро во Карабао Купот во првиот меч од полуфиналето.

Покетино кажа дека за среќа има и реванш, во кој неговата екипа ќе атакува на трофеј и пласман во големото финале.

„Тешко е да се зборува за нашата игра. Направивме многу грешки и бевме казнети. Создадовме шанси, но немавме доволно удари во завршниот момент. Разочарани сме, но има уште 90 минути на наш терен. Убеден сум дека после две недели можеме да го свртиме мечот во наша корист и да се пласираме во финалето“, изјави Покетино.

Се вчитува...