ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Селекторот Кире Лазаров ги избра 16-те ракометари кои денеска во 18 часот ќе излезат на мегдан против селекцијата на Франција, на отворањето на ЕП 2024.
Македонија отпатува за Дизелдорф со 18 ракометари, во ростерот за секој меч има место за 16 играчи, па Лазаров за денешниот дуел се реши да ги изостави третиот голман Марко Кизиќ и средниот бек Игор Ѓоргиев.
Македонија ќе излезе на мегдан против Франција со следните ракометари: Митревски, Томовски, Омерагиќ, Велковски, Митев, Талески, Маркоски, Кузмановски, Ненад Костески, Никола Костески, Пешевски, Лазаревски, Јагуриновски, Џонов, Атанасијевиќ, Савревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА