Крај на една ера во Шкендија. После осум години тимот го напушта еден од најстандарните голмани на тетовските „црвено-црни“ Костадин Захов си замина од тетовскиот клуб.
Захов стана дел од Шкендија во 2016 година, учествуваше во сите успеси во последните години на овој тим, освоените титули и настапите низ Европа, каде што имаше свој придонес во успесите на тетовци. Во последната година го загуби местото меѓу диреците кое сега е „резервирано“ за Давор Талески, па дојде до предвремен раскин на договорот, кој беше со важност до 2026 година.
„Сите ние во Шкендија му посакуваме на Костадин Захов многу здравје и успех во неговите идни предизвици. Ти благодариме за секој убав момент и за неизбришливите траги во нашата фудбалска историја“, стои во објавата на Шкендија.
Тетовскиот клуб нема да ангажира нов голман, туку ќе го врати Астрит Амзаи кој беше на позајмица во Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

