ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Легендарниот Штефан Кречмар повторно е актуелен во пресрет на ЕП 2024, откако поранешниот ас даде интервју во кое говореше за германската репрезентација, но даде и краток коментар за македонскиот национален тим како ривал на домаќинот во групната фаза.
„Според мене, Македонија веќе воопшто не е со квалитетот од претходните години. Откако Кире Лазаров ја заврши кариерата, тие не се веќе толку силни како што беа пред пет-шест години. Во тоа време, Македноија беше извонреден тим и кога станува збор за борбени играчи како пивотот Стојанче Стоилов. Како што реков, тие веќе не се толку силни како порано, но дефинитивно не треба да ги потцениме“, истакнува Кречмар.
Македонија и Германија ќе се сретнат во рамките од второто коло од групата А, меч што ќе биде одигран во Берлин на 14 јануари со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА