Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски после шест месеци, конечно, најде нов клуб. Искусниот стопер ќе настапува за Динамо Букурешт. Се реши да ја прифати пондуата од Романија, и покрај тоа што имаше опции за Шпанија, Турција, Полска…
Тренерот на Динамо, Жељко Копиќ истакна дека воопшто не му било лесно на клубот да го убеди Велковски да потпише за овој клуб.
„Не беше лесно да се убеди Дарко, со оглед дека многумина играчи разбираат дека клубот не е во добра ситуација, дека се бориме за опстанок. Но, јас многу ценам што тој дојде тука и да игра за Динамо. Не е само неговата биографија, туку важен е квалитетот кој Дарко го поседува. Многу играчи ни се нудат во овој период, но мораме да бидеме трпеливи и да го одбереме најдоброто“, рече Копиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

