Несторовски се врати на тренинзите на Асколи после повредата

После тешката повреда и скршеницата на раката, македонскиот напаѓач Илија Несторовски повторно е во строј. Тој почна со целосни тренинзи за Асколи, и ќе биде на располагање за пролетниот дел.

Поради повреда на раката, Несторовски ги пропушти последните два месеци од настапите во Серија „Б“.

Македонскиот голгетер има 10 настапи и два постигнати гола за Асколи во оваа сезона. Потоа дојде и повредата, и мораше да паузира.

Се вчитува...