Струга ТЛ ги дефинираше контролите во Анталија: Дуели со Арка, Черноморец, ЛКС Лоѓ

Стручниот штаб на Струга ТЛ ги дефинираше пријателските натпревари за време на зимските подготовки.

Стружани во периодот од 20. јануари до 3. февруари ќе ги реализираат централните подготовки во Анталија каде е планирано одигрување и четири пријателски средби.

Прв противник на Струга ТЛ ќе биде рускиот тим ФК Оренбург на 23. јануари, потоа следи дуелот со полската Арка Гдиња на 27. јануари, а два дена подоцна ќе се соочат со ФК Чорноморец Одеса од Украина. Последната контрола во Анталија, Турција ќе биде на 2. февруари против ФК ЛКС Лоѓ од Полска.

Генералката пред почетокот на новата сезона ќе биде против Тиквеш на 10. февруари.

Се вчитува...