Чаир 2030 остана без својот најдобар кошаркар Диванте Мофит кој по одличните настапи во македонското првенство се пресели во Полска каде ќе го носи дресот на прволигашот Таурон Гливице.
Дваесетичетиригодишникот на 13. одиграни средби во Прва лига бележеше просек од 22.9 поени по натпревар со кои беше поентерски лидер на шампионатот, а додаваше и по 4.3 асистенции, 3.5 скокови и 1.2 украдени топки со што неговото заминување ќе биде голем недостаток за скопскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА