Под палката на новиот тренер, Горазд Михајлов фудбалерите на Вардар денеска на тренинг центарот во Хиподром, го одработија првиот тренинг на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
„Веруваме дека со труд и волја, на крајот од подготвките ќе ја постигнеме посакуваната форма, која ќе ни биде и повеќе од неопходна пред одлучувачките натпревари кои следуваат. Црвено-црната армија нека биде подготвена, затоа што борбата започнува денес!“ – порачаа „вардарци“.
Старт на подготовките означи и ФК Тиквеш. Кавадарчани подготовките ќе ги реализираат во три фази со планирани и неколку контролни натпревари.
Тиквеш досега се ослободи од неколку играчи, Марио Гасама, Гал Куреж, Џемаил Ибиши и Марио Станковски, кој беше на позајмица во ФК Тетекс. Додека фудбалерот Никола Најдовски е на шестмесечна позајмица во ФК Кожуф.
„Клубот е во завршни преговори за ангажман со неколку странски но и домашни играчи“ – информираат од Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

