Малески од Струга ТЛ до крајот на сезоната на позајмица во Тиквеш (ФОТО)

Со стартот на зимските подготовки, Тиквеш денеска и официјално го промовираше Христијан Малески, кој во редовите на кавадарчани доаѓа како позајмен играч од Струга ТЛ.

21-годишниот напаѓач есенската полусезона настапуваше како позајмен играч во АП Брера Струмица, а за струмичани настапи на десет првенствени натпревари и постигна еден гол.

Малески со Струга ТЛ ја освои титулата во Првата лига, а во својата кариера има настапувано и за Велешта, Караорман и Новаци. Тој во Тиквеш доаѓа како позајмен играч до крај на сезоната.

Се вчитува...