ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на ЕП 2024, откако вечерва загуби на отворањето на шампионатот од селекцијата на Франција со резултат 39-29.
Еден од најискусните во репрезентацијата на Македонија, Филип Кузмановски по мечот изјави дека е задоволен од тоа каков отпор му пружија на големиот фаворит во првото полувреме.
„Не треба да бараш мотивација посебна кога играш против репрезентација како Франција. Задоволен сум како одигравме во првото полувреме и со каков резултат заминавме на пауза. Видов многу позитивни работи на овој меч, но Франција е Франција буквално секоја наша грешка ја искористи. Треба да бидеме посконцентрирани, но тоа се учи со времето. Стануваме поискусни на добар пат сме и одиме понатаму. Поразот беше очекуван, а ние дадовме се од себе за Македонија“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА