ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Селекторот Гилјом Жил беше задоволен по рутинската победа на француската репрезентација на дуелот со Македонија. На прес-конференцијата по натпреварот, Жил ја прокоментира и играта на македонскиот национален тим.
„Честитки до Македонија за овој прв меч, оваа прва битка, секогаш е посебно кога играте прв меч на едно големо натпреварување. Заедно испишавме историја со овој прв натпревар на фудбалски стадион, Видов дека Македонија има квалитет, имате млади ракометари кои се талентирани. Секогаш е тешко да играте против „седум на шест“, Македонија го играше тоа квалитетно, покажа и различни дефанзивни формации. Севкупно гледано, заслужено победивме, но мислам дека Македонија е на добар пат да биде многу опасен противник за сите репрезентации во иднина“, изјави францускиот селектор на прес-конференцијата по мечот во Дизелдорф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА