ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
ЕХФ вечерва и официјално објави, дуелите одиграни вечерва во Дизелдорф значеа и уривање на светскиот рекорд по посета на еден ракометен натпревар.
Во случајов, нови рекордери се двете средби одиграни денеска на „Меркур Шпил Арена“ , откако европската куќа на ракометот објави дека натпреварите Македонија – Франција и Германија – Швајцарија биле следени од по 53.568 фанови.
Конкретно, тоа е бројката на продадени билети за натпреварувачкиот ден во Дизелдорф, организаторот нема начин точно да утврди кој дуел бил попосетен, па бројката на билети ја претставува за нов апсолутен ракометен рекорд.
На почетокот на натпреварот Македонија – Франција имаше мал број празни седишта кои се исполнија како што минуваше мечот.
𝐇𝐀𝐍𝐃𝐁𝐀𝐋𝐋 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐒 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃𝐒! 🤩🔥 With 𝟓𝟑.𝟓𝟔𝟖 𝐒𝐏𝐄𝐂𝐓𝐀𝐓𝐎𝐑𝐒 a new world record is set for attendance at a handball game 🥹#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/PyUR9WzIsE
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА