Реал и Атлетико играат лудо прво полувреме во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Градските мадридски ривали Реал и Атлетико одиграа прво полувреме за паметење во полуфиналето од шпанскиот куп. Резултатот по 45 минути на мечот во Саудиска Арабија е 2-2, а многу лесно можевме да видиме уште некој погодок.

„Јорганџиите“ поведоа со 0-1 со погодокот на Хермосо во 7. минута. Реал стигна до целосен пресврт (2-1) со погодоците на Ридигер во 20. и Менди во 30. минута, додека на 2-2 израмни Гризман во 37. минута кој го постигна 174 гол за Атлетико Мадрид со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Real Madrid 2 – [2] Atletico Madrid – Antoine Griezmann 37‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

Се вчитува...