Од Ријад ни доаѓаат шокантни сцени. Легендарниот Франц Бекенбауер, еден од најголемите играчи во историјата на најпопуларниот спорт, го напушти фудбалскиот свет.
Не само во Германија, туку и ширум светот на популарниот Кајзер му се оддава чест, но голем скандал се случи во Саудиска Арабија. Имено, пред почетокот на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп помеѓу Реал и Атлетико Мадрид, чиј домаќин е главниот град на Саудиска Арабија, играчите застанаа во круг во центарот на теренот за да му оддадат последна почит на Франц Бекенбауер со едноминутно молчење.
И тогаш сите тие, како и гледачите на малите екрани ширум светот, доживеаја шок. Навивачите на стадионот со капацитет од 25.000 луѓе почнаа со доста гласни свирежи. Станува збор за земја која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, земја која често организира куп натпревари за клубови од најсилните европски лиги.
Причината за овој гест сè уште не е позната.
Minuto de silencio por Beckenbauer… Y abucheos del público saudí. 😐 pic.twitter.com/SFNiVGrOQA
— Abraham P. Romero (@AbrahamRomero_) January 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

