Фудбалерите на Аталанта се третиот тим кој се пласираше во полуфиналето на Копа Италија откако вечерва во крајно драматичен натпревар славеа на гостувањето на „Сан сиро“ кај Милан со 1-2.
Во 38. минута од првото полувреме тренерот на гостите Гасперини доби црвен картон, по што не беше во можност да го води својот тим од теренот. Рафаел Леао во 45. минута донесе водство од 1-0 за „росонерите“, но оваа предност домаќините не успеаја да ја задржат ниту до полувремето бидејќи во судиското надополнување Копмејнерс израмни на 1-1.
Истиот фудбалер ги постави конечните 1-2 со погодокот од пенал во 59. минута.
Milan 1-[2] Atalanta – Teun Koopmeiners (P) 59′
byu/LacrimeAl94PorcoDio insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА