Пешевски: Натпреварот против Франција го одлучи разликата во квалитет

ЕКИПА во Дизелдорф,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на ЕП 2024, откако вечерва загуби на отворањето на шампионатот од селекцијата на Франција со резултат 39-29.

Најефикасниот во македонскиот тим, пикерот Жарко Пешевски кој мечот го заврши со седум погодоци вели дека натпреварот го одлучила разликата во квалитет.

„Одигравме одличен прв дел, а потоа пресуди разликата во квалитет. Игравме против велесила. Не се предадовме. Едноставно имаше борба шеесет минути. Тоа ќе ни биде поттик за следните два натпревари. Мислам дека ќе бидеме на подобро ниво од денес“, изјави Пешевски.

Се вчитува...