Чави: Осасуна ни направи големи проблеми на последниот меч

Фудбалерите на Барселона ќе играат против Осасуна во полуфиналето на шпанскиот Супер-куп.

Тренерот на тимот од Каталонија изјави дека неговиот тим не очекува лесен меч бидејќи Осасуна многу пати покажа дека се работи за квалитетен тим.

„Не знаеме каков е пристапот на Осасуна, но знаеме дека е тежок противник. Имаат одличен тренер кој добро ги подготвува натпреварите. Тие се тим кои се многу опасни по крилните позиции. Имаме тежок противник кој многу го почитуваме. За нас беше многу тешко во Памплона затоа што одиграа одличен натпревар“, рече Чави.

Победникот од овој дуел во финалето ќе се сретне со Реал Мадрид кој вчера со 5-3 беше подобар од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...