Силекс се пофали со две засилувања

Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс продолжува со составувањето на тимот кој ќе се бори за што подобар пласман во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Откако го официјализираа потписот на новиот тренер, Александар Васоски, кратовци веќе почнаа и со потпишување на фудбалери. Силекс се пофали со потписот на Љупче и Ѓорге Џеков.

Љупче е голман, додека неговиот брат игра во одбраната, а се работи за млади и талентирани македонски фудбалери кои во Силекс доаѓаат од АП Брера.

Се вчитува...